Адел ги воодушевила обожавателите со пренос на полуфиналето и финалето на Олимписките игри на 100 метри за атлетичарки на концертот во Минхен.
Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат како Адел го паузира концертот и на големиот видео-ѕид го пуштила финалето на Олимписките игри на 100 метри за атлетичарки.
Полуфиналето се пренесувало на преполн стадион, а финалето било прикажано неколку часа подоцна, во живо од Париз.
Во финалето златото го освоила Џулиен Алфред од Сент Лусија, додека Американката Ша Кари Ричардсон го освоила сребрениот медал.
Пејачката овој месец има 10 концерти во германскиот град во специјално адаптирана арена со капацитет од 80.000 луѓе од вечер. Таа морала да го прекине својот прв концерт во Минхен како би ѝ помогнале да извади дел од фустанот кој бил мокар од силниот дожд.
16-кратната добитничка на Греми, во јули објави дека ќе направи „голема пауза“ од музиката по низата претстојни настапи.
За германската телевизиска куќа ZDF изјавила: „Мојот резервоар е прилично празен во моментов. Воопшто немам никакви планови за нова музика. Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека некое време сакам да правам други креативни работи“, додала таа.
Пејачката последен пат во континентална Европа настапила во 2016 година, а во Велика Британија во јули 2022 година на „BST Hyde Park“.