Славната актерка со децении важеше за една од најубавите жени на европската и холивудската кинематографија, а и денес на 89-годишна возраст е витка дама со исклучителна и ретка убавина.
Италијанската филмска дива Софија Лорен во септември ќе го прослави својот 90-ти роденден, а сепак успева да фасцинира со својата безвременска убавина и насмевка.
Денес, дама која ретко се гледа, во младоста една од најубавите жени на планетата и во историјата на светската кинематографија, оваа неповторлива Римјанка секогаш била личност на која луѓето се восхитувале и се издвојувала од масата во шеесеттите со гордо нагласување на нејзините облини и неприфаќање на сурови холивудски правила.
Наметнатите стандарди за убавина никогаш не ја оптоварувале претерано, а таа постојано зборувала за тоа како нејзиното мени е незамисливо без тестенините.
Во интервјуто кое своевремено го даде за австралиското издание на магазинот Elle, Софија Лорен истакна дека следи класичната медитеранска диета, која вклучува консумирање многу свеж зеленчук и тестенини.
- Повеќе би сакала да јадам тестенини и да пијам вино отколку да носам големина 0 - е познатата изјава на познатата актерка.
– Се што гледаш, должам на шпагети!
Медитеранската исхрана генерално се смета за здрава и често се наоѓа на листите на најпопуларните диети во светот.
Нејзината тајни се крие во разновидноста и рамнотежата, две клучни стратегии за здраво слабеење, но тоа е само дел од приказната за медитеранскиот начин на исхрана.
„Медитеранската исхрана се смета за здрава бидејќи ја нагласува храната богата со хранливи материи, непреработена и ја ограничува преработената и рафинирана храна, која често е богата со нездрави масти, додадени шеќери и сол.
Освен тоа, маслиновото масло се користи за замена на сите останати масти, а познато е и по бројните придобивки за организмот.
Најголемата предност на медитеранската исхрана е секако тоа што изобилува со растителна храна - свежо овошје, зеленчук и салати, коишто природно се нискокалорични и богати со влакна, благодарение на што сме подолго време посити.
Според истражувањата, медитеранската исхрана е поврзана со помал ризик од голем број состојби и болести, вклучувајќи развој на деменција, висок крвен притисок, дијабетес тип 2, срцев и мозочен удар, дебело црево, дојка, простата, желудник, мочен меур и рак на белите дробови, а познато е дека може да помогне и при проблеми со спиењето и варењето.