Оскаровката тајно роди второ дете: „Овој пат дефинитивно беше потешко“

Точка

26/07/2024

11:10

5.065

Големина на фонт

а а а

Актерката и оскаровка Алисија Викандер (35), позната по улогата на Лара Крофт во филмот „Томб Рајдер“ од 2018 година, и нејзиниот сопруг, актерот Мајкл Фасбендер (46), во тајност го дочекаа своето второ дете.

„Сите жени имаат различни искуства и дефинитивно ми беше потешко физички да поминам низ тоа по вторпат. Но, мислам дека тренинзите го олеснија процесот“, изјави актерката за „Elle“.


„Тие девет месеци беа како маратон, па помага ако сте силни и спремни за тоа. Бременоста е физички напорна и имам многу восхит од секоја жена што го направила тоа“, додаде таа.

Алисија го роди своето прво дете во 2021 година.

Алисија глумела дека е бремена четири пати пред вистински да забремени. „Секогаш кога требаше да се породам на екранот, на секоја жена на снимањето и кажував дека ми е жал. Се чувствував како измамничка“, рече таа.

Викандер и Фасбендер добија син во 2021 година, а една година подоцна Алисија зборуваше за нејзиниот пат до родителството во интервју за „The Sunday Times“. Таа откри дека имала екстремно болен спонтан абортус.


„Сега имаме дете, но ни требаше време. Спонтаниот абортус беше толку екстремен, болен и секако ме натера да се сетам на снимањето на филмот“, рече таа, мислејќи на нејзината улога во „The Light Between Oceans“.

„Понекогаш поминуваш низ тешки моменти во животот и ако имаш канцелариска работа, можеш да се вратиш чекор назад. Но, јас и моите колеги поминавме низ такви ситуации по кои навистина не разбирам како некои од нив се појавија на црвениот тепих и воопшто разговараа со луѓето. Многумина кога би поминале низ такви ситуации, не би сакале ни да ја напуштат куќата“, додаде таа.

Таа ужива во мајчинството

На прашањето колку и се променил животот откако има дете, актерката рече дека ужива во секој момент. „Сега имам сосема ново разбирање за животот. Да се биде мајка е многу убаво и верувам дека тоа значително ќе придонесе за мојата кариера“, рече таа и истакна дека никогаш не била посреќна.


Мајкл и Алисија се венчаа во октомври 2017 година, по три години врска. Тие се запознале на снимањето на „The Light Between Oceans“. Алиша беше номинирана за бројни филмски награди, а доби и Оскар за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во „The Danish Girl“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг