[ФОТО/ВИДЕО] Би сакале ли да го поседувате? Се продава остров од 6 хектари со приватна плажа и 15 духови на војници

Точка

25/07/2024

21:21

6.938

Големина на фонт

а а а

Островот Дрејк, во близина на брегот на округот Девон во Англија, кој има приватна плажа, стари тврдини и дозвола за изградба на луксузен хотел, е ставен на продажба.

Островот наречен по Френсис Дрејк, кој оттаму тргнал на пат околу светот во 1577 година, нема фиксна цена, но трошоците за реновирање се проценуваат на 25 милиони фунти, пишува „Скај њус“.


Недалеку од градот Плимут, островот Дрејк долго време се користи за воена одбрана, а во продажба има топови кои се уште се на истото место како во 18 век.

Бизнисменот Морган Филипс, кој го купи островот во 2019 година за шест милиони фунти, тврди дека првата зграда на островот била изградена во 1135 година и дека поради силната одбрана, шпанската армада не успеала да го освои островот во 1588 година.

Филипс исто така обезбедила дозвола да изгради хотел со 43 соби, а моментално ги ограничува турите со водич за туристичките групи со надеж дека островот ќе стане една од атракциите околу Плимут.





Консултантката за недвижнини, која ја води продажбата, изјавила дека идејата на сопственикот е островот да се претвори во дестинација за свадби, но таа на шега предупреди дека со купувањето на островот доаѓаат и духовите на 15 војници кои некогаш го чувале островот Дрејк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг