[ВИДЕО] Еѓипќанец и Американец среде Белград зборуваат српски и наздравуваат со ракија: Едниот од нив се крсти и вели дека Србија е најдобрата земја на светот

Точка

25/07/2024

20:20

8.901

Големина на фонт

а а а

Американецот Џибри Бел стана многу популарен на социјалните мрежи, особено на „ТикТок“, каде често споделува видеа во кои зборува на српски јазик и говори за тоа што најмногу го воодушевува во Србија.

Инаку, Џибри веќе некое време престојува кај нашите соседи и е многу запознаен со оваа култура, додека себеси се нарекува „црниот Србин“.

Неодамна објавил ново видео со човек од Египет кое ги воодушеви Балканците.

Видеото започнува со тоа што Американецот Џибри и Еѓипќанецот Мајк стојат на улица, а Бел го прашува:

„Од сите земји што ги имаш посетено, која најмногу ти се допаѓа“, а тој како од топ му одговара: „Србија“.

Еѓипќанецот тогаш открил дека една година живее во Србија и дека многу ја засакал оваа земја. Откако размениле неколку реченици на англиски, Мајк и Џибри почнале да зборуваат на српски.


@jibribell It’s inspiring to see orher travelers who love #serbia ♬ original sound - Jibri Bell

„Зборуваш српски! Секоја чест за тебе“, вели Американецот, а Мајк додава: „Ја сакам Србија, брате“.

Од 123 држави, Србија е најубава

Како што вели Мајк, планира на Балканот да остане цел живот. Дошол само како турист, но го воодушевиле луѓето и храната.

Еѓипќанецот открил и дека посетил 123 земји, но никаде го нема она што го има во Србија.

„Морам да им порачам на луѓето кои се плашат да дојдат во Србија, да дојдат слободно. Народот е многу фин. Не им е гајле од каде доаѓате, а ракијата е најдобриот пијалак“, кога тоа го изговорил, Џибри извадил шише ракија од торбата, па наздравиле среде улица, но пред тоа се прекрстил.

„Дали си православен?“, Џибри го прашал, а Мајк потврдно му одговорил.

Како тоа да не било доволно, на пријателот на Мајк му ставил и шајкача на главата, а видеото за помалку од еден ден собрало повеќе од 269.000 прегледи.

„Секоја чест браќа!“, „Благодарности за убавите зборови“, „Ова е прекрасно да се види“, гласеле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг