Цел свет зборува за невидениот срам на Олимписките игри: „Скандал! Никогаш претходно не сум доживеал таков циркус“

Точка

25/07/2024

16:50

37.368

Големина на фонт

а а а

Со интервенција на обезбедувањето и полицијата, играчите беа повлечени од теренот (16 часот и 5 минути), а мечот продолжи во 18 часот, за да се игра само три минути, при што не се случи ништо позначајно.

Откако Аргентина успеа да го изедначи резултатот на 2:2, во 16. од предвидените 15 минути продолжение, мароканските навивачи втрчаа на теренот и имаше хаотични сцени за натпреварот да се заврши на празен стадион. Мароканските навивачи пред почетокот фрлаа шишиња во теренот, а во близина на аргентинските играчи и стручниот штаб падна факел.


Со интервенција на обезбедувањето и полицијата, играчите беа повлечени од теренот (16 часот и 5 минути), а мечот продолжи во 18 часот, за да се игра само три минути, при што не се случи ништо позначајно.


На крајот, со интервенција на судиите на ВАР, на Аргентинците им беше поништен вториот гол, па победа сепак славеа Мароканците (2:1), за која Рахими ги постигна двата гола, додека Џулијано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, постигна гол за Аргентинците.


- Тоа беше најголемиот циркус што го доживеав во кариерата. Тоа што се случи на теренот беше скандал. Тоа не е турнир во соседството, тоа е Олимпијада. Играта беше прекината седум пати, треба да донесете одлука кога ќе се случи третиот прекин. Ни кажаа дека натпреварот е прекинат од безбедносни причини. Поминавме повеќе од час и половина во соблекувалната, а никој не ни кажа што ќе се случи – изјави Хавиер Маскерано, тренер на аргентинскиот олимписки тим.




Спонзорирани линкови

Маркетинг