Можеме ли да го запалиме Уран за да ги украдеме неговите дијаманти?

Точка

24/07/2024

14:47

10.117

Големина на фонт

а а а

Во интригантен, но опасен експеримент со космичка пиротехника, се поставува прашањето дали може да се запали планетата Уран за да се откријат неговите тајни и попатно – да се украдат неговите дијаманти.

Уран и Нептун делат многу сличности, што довело до провокативна идеја во поткастот „Dead Planet Society“ на порталот „New Scientist“ – да се запали Уран. Водителките на поткастот Челси Вајт и Леа Крејн теоретски го истражиле тој концепт.

Научното размислување околу наведената идеја не е бесмислено. Со палење на материјалите и анализата на нивната светлина преку спектроскопија докажана е метода за одредување на хемискиот состав. Понатаму, внатрешната структура на ледените џинови како Уран сè уште е во главно непозната. Со палење на надворешните слоеви би можело да се откријат тие тајни.


Голема дупка во теоријата со потенцијалниот грабеж

Меѓутоа, како што истакнува планетарниот научниот и гостин во наведениот поткаст Пол Бирн од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, тој план има значајна мана. Во надворшните слоеви на Уран недостасува кислород кој е потребен за горење, нагласува Бирн. Дури ни воведување на енормни количини на кислород не би било доволно, правејќи идејата за палење всушност непрактична.

Интересно, расправата се придвижува кога се зема предвид внатрешноста на планетата, која би можела да содржи санте дијаманти. Тоа потенцијално богатство ја претвора теоретската мисија во грабеж, а не во едноставен научен експеримент.


Што би било, кога би било …

За да се дојде до тие дијаманти, најефикасна метода би било судир на некое друго небесно тело со Уран. Таквиот удар веројатно би произвел сјаен одблесок, облак од пареа и можеби светлечка опашка зад Уран. Внимателно планирање би било важно за да се избегне уништување на дијамантите ли нанесување на значајна штета на Сончевиот систем.

Успешен судир би можел да се постигне со двојни цели за откривање на длабочинските слоеви на Уран и пристап до неговите дијаманти. Но, ризиците се потенцијално катаклизмички, па апетитите за блескавите дијаманти би требало да се намалат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг