Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Летните Олимписки Игри во Париз каде ќе се обиде да дојде до „титулата“ која му фали во досегашната кариера, медал на оваа сцена.
Ова треба да бидат последни ОИ за Ѓоковиќ ако се знае дека на наредните би имал 41 година и тешко дека до тогаш би бил активен, а во исто време и во позиција да бележи големи резултати.
Борис Бекер како поранешен тренер многу добро го познава Србинот и посочи колку Новак ќе биде мотивиран за да дојде до посакуваната цел.
- Не знам дали ја разбирате важноста на Новак Ѓоковиќ во Србија. Може да биде претседател. Може да биде се. Тој е вистинска икона во Србија и затоа е природно да сака да ја претставува Србија на светската сцена. Нема подобро место за тоа од ОИ.
- Новак беше многу транспарентен и отворен на почетокот на годината дека најважниот турнир ќе му бидат Олимписките игри во Париз. Имајќи го ова на ум, очекувам на овие Олимписки игри да видам многу, многу мотивиран Новак Ѓоковиќ. Играњето за Србија ќе му ги даде дополнителните 10 проценти што му се потребни против овие одлични млади играчи кои доаѓаат сега“, заклучи Германецот.