(ВИДЕО) Снимка која ја гледаат сите! Никој не сака да се ракува со пратеникот на Марин Ле Пен, политичар го понижи на невиден начин

Точка

22/07/2024

19:12

7.169

Големина на фонт

а а а

Еден млад пратеник од француската крајнодесничарска партија Национален собир беше понижен од левичарските пратеници при гласањето за номинирање на претседателот на Парламентот.

Имено, новоименуваниот пратеник Флавиен Терме (22) од партијата на Марин Ле Пен стоел до кутијата каде се гласало и по обичај пратениците требало да се ракуваат со него по гласањето.

Сепак, неколку пратеници од француските левичарски партии одбија да го сторат тоа, а видеото од 18 јули стана вирално.

Еден француски левичарски пратеник направи потег со лист-камен-ножички за да избегне ракување со Терме.

На видеото што го сподели Националното собрание на Фејсбук, може да се види членот на француската партија „Непокорена Франција“ (ЛФИ), Франсоа Пикемал како прави гест со рака.

„Во гласачката кутија како и во играта лист-камен-ножички, на крајот НФП е таа што победува“, напиша Пикемал на Х, мислејќи на резултатите на левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) во вториот круг од неодамнешните избори.

Некои други пратеници од левичарските партии, исто така, одбија да се ракуваат со Терме, според извештаите на весниците.

Неговиот колега Себастиен Делог од ЛФИ е обвинет дека му се заканувал на Терме.

"Ти си будала, да не си луд или што“, наводно рекол Делог кога Флавиен Терме му ја подал раката.

Терме подоцна на X напишал дека Делог го „заплашил“.

„ЛФИ и нивните сталинистички методи. Физичкото заплашување од пратеникот Делог е недостојно за Народното собрание“, реагира младиот 22-годишен пратеник на Х.

Во интервју за "La Provence", во петок, 19 јули, Себастиен Делог уверува дека не му се заканувал на својот колега.

– Само го прашав дали е сериозен, дали мисли дека ќе се ракувам со расист – објасни тој.

Му реков: „Ти си луд, тоа никогаш нема да се случи. Не му се заканував, не бев суров“, изјави Делог.