[ФОТО] Тројката родена во Клиника Жан Митрев добро напредува и расте

Точка

12/09/2025

19:47

587

Големина на фонт

а а а

Трите предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат, по околу два и пол месеци од нивното раѓање се во добра општа состојба, активни се и нивниот раст и развој одговара на нивната возраст. Тие добро напредуваат и растат, а радоста на нивните родители е најголема потврда за успешната грижа што ја добиваат во Клиника Жан Митрев.

На 4 јуни 2025 година, во Клиника Жан Митрев беа донесени на свет овие три бебиња во 31-та гестациска недела, од природно зачната тројна бременост – реткост што во светски рамки се јавува во 1 на 8000 случаи. Со нивното раѓање официјално започна со работа Одделот за неонатална интензивна нега (NICU).


Новороденчињата по раѓањето добија неинвазивна респираторна поддршка, а нивните витални параметри беа внимателно следени од мултидисциплинарен тим неонатолози, гинеколози-акушери, акушерки и сестри, со примена на најсовремени протоколи и опрема.


Денес, нивното успешно закрепнување е резултат на континуираната грижа и следење. Во Центарот за мајка и бебе секое новороденче добива бесплатно четири контроли во текот на првиот месец, со можност за дополнителни прегледи и консултации по потреба. Родителите се советувани да го следат растот и развојот на децата, редовно да посетуваат контроли, да внимаваат на исхраната, стимулацијата и заштитата од инфекции. Посебно е нагласена важноста на редовната вакцинација и психомоторниот развој.


„Мелис, Мира и Малахат се наши мали херои и симбол на надеж, љубов и сила. Нивната приказна е доказ дека со знаење, искуство и современа технологија можат да се надминат и најголемите предизвици,“ велат од Центарот за мајка и бебе.