[ФОТО] Скриениот бисер на Грција го нарекуваат „Санторини за сиромашни“: Грците го кријат како „змија нозе“, а Македонците сè уште го немаат откриено! Рајски остров

Точка

22/07/2024

21:20

33.492

Големина на фонт

а а а

Македонците и Евзони се една од најпознатите летни комбинации, знаеме сите. Грција е можеби најчестиот избор за нашиот народ да го помине својот годишен одмор, веројатно поради близината, ниските цени, но и прекрасните песочни плажи.

Но, често Санторини и Миконос, најубавите грчки острови, често остануваат недостапни за просечниот граѓанин на Македонија, имајќи предвид дека овие рајски дестинации се наменети за оние со малку подлабок џеб.


Сепак, постои остров, многу сличен на Санторини, во истата егзотична, сончева група острови Киклади, со златни плажи, долини богати со маслинови дрвја и лозја, бели куќи, поплочени улици со камен, балкони од кои ви се смешкаат купишта розови цвеќиња – Парос.

Парос е омиленото одморалиште на Грците, кои сè уште љубоморно го чуваат од инвазија на туристите, а го нарекуваат „Санторини за сиромашни“, бидејќи го нуди истото неверојатно искуство и морска идила која ретко ќе ја најдете на друго место во светот – а по многу попристапни цени.


Бисерот на Грција го спојува сето најдобро на едно место

Овој бисер на Грција е познат по својата традиционална архитектура и специфична атмосфера поради прекрасната, смирувачка белина секаде околу вас, но и неговата богата историја.


Главен град на островот е шармантната Парикија, иако повеќе наликува на мало гратче, кое е изградено на остатоци од антички храм, а речиси на секој чекор ќе наидете на мали, бели цркви.

Сепак, најимпозантна е византиската „Црква со стотини врати“, која е најголемата атракција на ова место, покрај енергијата што ја поседува овој мал град.


Покрај прошетките во кои мирисот на морето влегува во секоја ваша пора и чувствувате како ве милува истиот ветар кој нежно ги ниша листовите од портокалите и калинките, Парикија нуди и богата угостителска програма – можете деноноќно да уживате во кафулињата, рестораните, баровите и ноќните клубови.


За живописната атмосфера придонесуваат и волшебните плажи, за кои се вели дека се едни од најдобрите во цела Грција, а доколку Парос е мал за вашите апетити, не грижете се – бидејќи е вгнезден во центарот на Кикладите, опкружен е со бројни острови кои се лесно достапни – така што барем на кратко можете да ги видите и убавините на Антипарос, Самос, Миконос …




Спонзорирани линкови

Маркетинг