[ФОТО] „Дебела е и има лице кое секој со пари може да си го купи на пластичар“: И покрај сите навреди била најголемата „бомба“ во Холивуд, а потоа во 2019 година исчезнала – еве каде е денес и како изгледа

Точка

21/07/2024

13:11

12.453

Големина на фонт

а а а

Се сеќавате ли на Кејт Аптон, жената која со години владееше на листите на најсексапилни жени во светот и чии прекрасни атрибути ги мамеа мажите и ѝ донесоа милиони?

Нејзината појава била многу впечатлива, па иако веќе неколку години живее подалеку од светлата на рефлекторите, веруваме дека ќе се сетите на убавата Кејт откако ќе ги видите нејзините фотографии.

После долго време, Кејт Аптон присуствувала на ексклузивен настан, појавувајќи се во петокот вечерта на прославата на познатиот „V“ магазин во Њујорк.

Оваа 32-годишна девојка изгледала многу гламурозно во златен фустан со раскошно деколте и набори во пределот на половината и стомакот.


Дозволила оваа впечатлива тоалета, која буквално наликувала на течно злато, да говори сама за себе – па ја комплетирала само со дискретен накит и елегантни, златни папучи со мали потпетици.


Манекенката и понатаму е преубава и потсетува на дивите од златното доба на Холивуд, но е видно послаба отколку што била на почетокот на кариерата. Се „стопило“ и нејзиното бујно деколте, кое, меѓу останатото придонело за нејзината популарност меѓу мажите, но и ја издвојувало во морето класични слаби жени и манекенки без облини.

Молскавичниот подем на Кејт Аптон во холивудската елита, а потоа дистанца од светлата на рефлекторите

Да потсетиме, убавата русокоса се прославила уште во 2011 година, кога имала само 18 години и тоа сосема случајно – нејзиното видео од натпревар во НБА додека изведува сладок хип-хоп танц на трибините станало вирално преку ноќ.

Во тој момент, таа сè уште била непознат модел за костими за капење, која некако се обидувала да се прослави во индустријата. Но, видеото на кое опуштено и заводливо танцува и си дозволува себеси да биде она што е – одеднаш ѝ ги отворило сите врати, а нејзиниот пробив во светот на манекенството започнал молскавично!


Снимила и насловна страница за престижниот магазин „Sports Illustrated“ не претпоставувајќи дека таа ќе биде само првата од многуте.

Следел неверојатен бум – во раните дваесетти таа достигнала светска слава, се пробала и како актерка во познати холивудски остварувања и соработувала речиси со сите брендови и компании кои може да ви паднат на ум.


Огласувачите се „грабале“ за Кејт – таа била дрска, но префинета, откачена и гламурозна „девојка од соседството“ која малку потсетувала на Барби, а малку на пинап дива! Меѓутоа, заедно со титулата „најпосакувана жена на светот“ пристигнале и критиките, а оваа русокоса денес вели дека не било лесно да ги слуша во моментот кога имала само 19 години.


Имено, многумина тврделе дека е „предебела“ за манекенка и дека со нејзините облини не ѝ е местото на пистата!

„Бев во позиција кога морав веднаш да знам која сум, а во тоа време тоа не го знаев. Критиките за моите облини беа шокантни, застрашувачки и тажни. Се сеќавам дека се прашував зошто воопшто да продолжам јавно да се прикажувам кога добивам толку критики“, раскажала Алтон, додавајќи и дека писмата од непознати жени за тоа како се борат со нарушувањата во исхраната и туѓите критики, ја мотивирале да продолжи да работи.


Дури и извршниот директор на модната ревија на „Викторија Сикрет“ одбил да работи со Кејт во 2012 година и јавно ја оцрнел, велејќи дека таа е „крупна девојка од трета страна, чиј изглед премногу е клише – со премногу руса коса и лице кое секој со доволно пари може да оди и да го купи“.

Таа вели дека во 2013 година следел пресврт во нејзината кариера кога во магазинот „Vogue“ јавно проговорила за тоа дека ги сака своите облини и започнала тренд на прифаќање различни големини и облици на телото во модната индустрија.


Кејт Аптон создала семејство и одлучила тоа да биде нејзиниот приоритет

До 2018 година, Кејт била во центарот на вниманието, а нејзините разголени фотографии во костими или топлес ги „преплавувале“ социјалните мрежи.

Но, сè се променило во ноември 2018 година кога станала мајка – Аптон направила одреден пресврт во кариерата.

Почнала сè помалку да објавува провокативни фотографии и повеќе се посветила на мајчинството и воспитувањето на ќерката Женевјев, а помалку на работата и социјалните мрежи.

Инаку, ќерката ја добила со бејзбол играчот Џастин Верландер со кој и ден-денес е во среќна љубов.


Исто така, Кејт е огромна поддршка на нејзиниот сопруг во неговата спортска кариера и речиси и да не пропушта ниту еден натпревар. Таа често е на трибините и е негов најголем фан, а неодамна проговорила и за тоа како не е лесно да се биде жена на професионален бејзбол играч.


„Да се биде сопруга на бејзбол играч е апсолутно лудо; нивниот распоред е неверојатен, толку долг. Тоа некогаш не го знаев. Случајно се заљубив во него. Немав поим дека постојат толку натпревари. Без последователни слободни денови, тој одмара само во понеделник и четврток. Како да не го гледам воопшто, особено кога ќе влезат во доцниот плеј-оф кога бејзболот е највозбудлив, но само размислувам:,Не сум го видела мојот сопруг со месеци, подобро би било да победат.‘ Сакам да му биде добро и да се чувствува добро, тој е мојот сопруг. Сакам да дојде дома и да биде среќен и да не биде разочаран од неговата игра или исходот на натпреварот“, неодамна зборувала таа во поткастот „Chicks in the Office“.


Инаку, Кејт во мај оваа година повторно позирала за насловната страница на „Sports Illustrated“, покажувајќи дека сè уште е мајстор во својата работа. Но, тоа било кратко враќање на сериозниот моделинг, иако јасно покажала дека таа не е „отпишана“ и дека може да се враќа кога сака. Патем, оваа Американка сè уште се бори против стереотипите за женската убавина и модерните идеали кои практично се недостижни.

„Жените постојано се бомбардирани со напори да бидат совршени. Преминавме од фотошопирани насловни страници до фотошопирање на нашиот секојдневен живот, па дури и оние фотографии од обична продавница. Станува сè поекстремно, луѓето буквално го менуваат својот личен опис со пластичната хирургија. Индустријата мора да поттикне промени, за да ни покаже дека има повеќе од совршен бренд. Тоа не ни е потребно во нашите животи“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг