Рајт за младата шпанска ѕвезда: Тој ме потсетува на Вејн Руни…

Дерби

18/07/2024

12:48

2.252

Големина на фонт

а а а

Веќе е зад нас 17. Европско фудбалско првенство кое заврши со триумф на Шпанија која во големото финале во Берлин ја совлада Англија со 2-1 и со тоа испиша историја затоа што сега е рекорден по освеоните титули на оваа сцена.

Колективот беше во прв план кај Шпанците, но секако до израз дојдоа и квалитетите на дел од поединците со тоа што еден од оние кои импресионираа беше Ламин Јамал за кого ова беше прв голем турнир на сениорско ниво.

Меѓутоа иако е тинејџер кој на крајот на ЕП го прослави 17 роденден тој покажа зрелост и со 1 погодок и 4 асистенции ја понесе наградата за најдобар млад играч на шампионатот. Доста комплименти доби и добива членот на Барселона, има разни споредби со тоа што најнинтересната, најнеочекуватата ја имаше Иан Рајт кој повлече паралела на Јамал со Вејн Руни од пред две децении.

- Јамал е мојот играч на турнирот – тоа не може да биде некој друг. 16-годишник кој беше толку константен во текот на целиот турнир и постигна еден од погодоците на ЕП. Тој беше неверојатен. Она што го видовме од Јамал на Евро 2024 ме потсетува на тоа како Вејн Руни играше на ЕП во 2004 година во Португалија. Руни беше играч на турнирот се додека не го повреди скочниот зглоб. Тој беше неверојатен, - истакна Рајт.