Преслатко кученце се обидувало да се спријатели со уплашена срна, видеото потсетува на сцена од цртан филм на Дизни

Точка

17/07/2024

16:06

4.229

Големина на фонт

а а а

Познато е дека кучињата, особено кученцата, се обидуваат да се спријателат со сите, па дури и со припадниците на другите видови.

Поради нивната пријателска природа, често можеме да ги видиме во некои многу необични ситуации како се обидуваат да комуницираат или да се спријателат со животни за кои никогаш не би го очекувале тоа.


Така е и со кученцето во видеото на ТикТок кое ги освои срцата на следбениците и собра над милион лајкови. На видеото можете да видите мало кутре кое се заинтересирало за една прекрасна срна. Кутрето со интерес гледа во срната која е многу поголема од него, но воопшто не се плаши од неа, туку се обидува да ја поттикне да си игра.

За негова несреќа, срната изгледа воопшто незаинтересирано за игра, па само внимателно го гледа. Кога кученцето ѝ приоѓа, срната се збунува и се „вкочанува“. Кога сфатило дека од играта нема да биде ништо, кученцето само смирено се оддалечило. Неколку следбеници под видеото заклучиле дека истото ги потсетува на сцена од некој цртан филм на Дизни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг