Шпиц е на сезоната, а една објава за туризам привлекла бројни прегледи на социјалната мрежа „X“. Еден татко се пожалил и ја прераскажал ситуацијата која ја доживеал неговиот син на островот Паг.
Сопствениците на апартманот направиле „ценовник за уништени работи“, односно листа на предмети за кои гостите ќе мора да платат високи суми ако случајно ги оштетат.
Ценовникот е долг и сопствениците ставиле цени и за најмали ситници во апартманот. Во ценовникот така стои дека корисниците за уништена клима ќе мора да платат околу 150 евра, за метла 15 евра, за изгубен клуч 100 евра, оштетена врата 500 евра, а за уништен душек 150 евра.
I u vožnji zove njih gazda apartmana i jebe im sve po spisku kako ih nije sram dati takvu ocjenu, sad ima u recenziji 1 uz napomenu da gazda prijeti ako mu date nisku ocjenu, kao da je Smoje pisao. ❤️🇭🇷
— Sale (@sasapavlic) July 13, 2024
„И додека возат им се јавува сопственикот на апартманот и ги пцуе како не им било срам да му дадат ниска оценка, сега има 1 во рецензијата со нагласување дека сопственикот се заканува ако му дадете ниска оценка“, додал таткото.
На постот почнале да се редат коментари.
„Чекајте малку, дали сопственици на апартмани сè уште мислат дека климата треба дополнително да се плаќа? Во овие жешки лета? Па дали се тие нормални? Разбирам надомест на штета, но ова е кретенизам на квадрат“, напишал еден твитерџија. „Ценовникот сигурно настанал поради сите фини туристи кои доаѓаат таму“, заклучиле некои, пишува „24Sata“.