Познатата актерка вчера пристигна на Вимблдон и изгледа непрепознатливо: Фановите тврдат дека изгледа како друга личност, а се колне дека ги отстранила сите филери од лицето

Точка

15/07/2024

16:02

19.632

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ, за жал, ја загуби приликата уште еднаш да биде шампион на Вимблдон, но вчера овој тениски турнир секако ја оправда титулата најпрестижен во светот.

И оваа година на трибините се собра кремот на светската елита – од принцезата од Велс и нејзината сестра Пипа Мидлтон до холивудски ѕвезди како Том Круз, Арон Тејлор Џонсон и Кортни Кокс.

Кокс особено го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи, кои не можеа да одолеат да не го прокоментираат нејзиниот исклучително младешки, но сепак видно променет изглед.


Познатата актерка пристигна на Вимблдон во друштво на својот долгогодишен партнер Џони Мекдејд, а парот дури и бил стилски усогласен и со задоволство позирал пред фотографите. Кортни за оваа прилика се одлучила за деловна елеганција, покажувајќи ја својата фигура во сиви панталони со широки ногавици.

Атрактивната актерка ги искомбинирала панталоните со црна свилена кошула и одлично скроено црно сако, а изгледот го заокружила со салонки со циркони и ефектна кожна чанта.


Иако нејзиниот аутфит бил секако одличен и соодветен за пригодата, за интернет корисниците бил многу поинтересен фактот што Кортни практично нема брчки на лицето, иако во јуни наполни 60 години.

Премногу затегнатото лице ѝ оневозможило на актерката да има вообичаена, природна мимика и изгледала практично „замрзнато“.


Зацементираниот“ лик придонел Кортни во одредени моменти да изгледа речиси непрепознатливо, иако всушност таа не е многу променета во однос на периодот кога ја снимаше познатата серија „Пријатели“, по која е и најпозната.


На нејзиното лице се видливи траги од естетски зафати, иако таа отворено призна дека горко се кае што ставила филери во лицето.

„Мислев дека стареам и тоа додека бев навистина млада, беше штета, такво губење време... Тоа е домино ефект, како да не сфаќате дека изгледате чудно, а потоа продолжувате да правите сè повеќе и повеќе нешта на вашето лице затоа што себеси си изгледате нормално. Се гледате во огледало и си велите: „Изгледа добро“, а не сфаќате како тоа изгледа однадвор. Ставав премногу филери, но среќа што можат да се отстранат. Мислам дека многу згрешив и сега, за среќа, успеав да поправам поголем дел од тоа“, раскажала Кокс минатата година во поткастот „Gloss Angeles“.