[ФОТО] Објавени последните фотографии од Шенон Доерти: Актерката уживала во друштво на пријатели

Точка

15/07/2024

12:30

5.262

Големина на фонт

а а а

Покојната актерка Шенон Доерти последен пат е фотографирана како излегува од ресторан во Малибу со своите пријатели.

Таа била придружувана од агентот за недвижности Крис Кортацо и пријателка кој не и е познат на јавноста.


Со оглед на тоа што во последните години од животот ретко се појавуваше во јавноста, овие фотографии го привлекоа вниманието на нејзините обожаватели. Многумина изјавија дека изгледа подобро и веруваат дека ќе успее да ја победи суровата болест.

За потсетување, во март 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Лекарите и рекоа дека и остануваат уште пет години живот откако тој метастазирал во лимфните јазли.


Во април 2017 година, таа објави дека болеста е во ремисија. Во февруари 2020 година, таа откри дека ракот се вратил и дека е во четврта фаза. Метастазираше во мозокот и коските. Веста за нејзината смрт беше потврдена вчера. Таа почина на 53-годишна возраст.

Збогување со блиските

Пред смртта решила да ги продаде повеќето работи што ги поседувала бидејќи не сакала да и отежне на мајка си.

„Мајка ми е мојот приоритет. Знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред неа. Затоа сакам другите работи да и бидат многу полесни. Не сакам да има еден куп работи со кои ќе треба да се занимава. Не сакам да има четири гаражи полни со мебел“, рече таа меѓу останатото.