Македонската младинска кошаркарска репрезентација од вчера па до 21-ви јуни ќе се натпреварува на младинскиот Евробаскет кој се одржува во Полска.
Избраниците на Боро Смилковски веќе го започнаа тешкиот предизвик за опстанок во елитата со натпревар против фаворизираната Шпанија на која нашиот кошаркар Павел Иванов се појави со уникатна фризура која досега не сме ја виделе кај било кој наш спортист – македонско знаме на главата.
Македонија отпатува како еден од аутсајдерите на Евробаскет, но сигурно веќе ја имаме „фризурата на шампионатот“.