Премиерот Христијан Мицкоски го осуди обидот за атентат врз поранешниот претстедател на САД, Доналд Трамп. Тој на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посака побрзо опоравување и заздравување.
„Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.
Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.
Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ“, порача Мицкоски.
20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија, отвори оган кон поранешниот претседател од покрив на објект оддалечен 130 метри од митингот на Трамп, објавија американските медиуми.
Напаѓачот беше застрелан од агенти на Тајната служба.