Новиот напаѓач на Фиорентина не пројде баш најдобро на својата презентација

Точка

13/07/2024

21:01

2.595

Големина на фонт

а а а

Мојс Кин неодамна од Јувентус пристигна во Фиорентина, а оваа сабота имаше претставување во клубот од Фиренца.

За новото засилување на „Виола“ тоа не пројде во најдобар ред, а може да се каже и дека новакот прилично се посрамоти.

Неговата промоција во новиот клуб не мина најславно, бидејќи во перформансот, во кој учествуваа и деца од младинските селекции, прилично потфрли.

По официјалната конференција, Кин требаше да ги покаже своите вештини пред младите играчи од академијата, гаѓајќи огромна табла за пикадо со топка.

Меѓутоа, 24-годишниот напаѓач имаше три обиди, од кои само еден се задржа на таблата, со скромен резултат од 17 поени.