[ВИДЕО] Бебе за првпат ја гледа својата мајка водителка на ТВ, неговата реакција ги топи срцата

Точка

12/07/2024

18:23

6.438

Големина на фонт

а а а

Спортската водителка Брејди Кинг ја родила ќерката Голди во јануари, а на работа се вратила во април. Кога завршило нејзиното породилно отсуство, Брејди се вратила на ТВ екраните, а реакцијата на нејзината ќерка кога за првпат ја видела на телевизија разнежи многумина.

Кадарот во кој бебето Голди ја гледа мајка си на екранот буди најубави емоции. Детето со широка насмевка го гледа ликот на мајка си на телевизија, може да се каже малку и гордо, во стилот: „Да, да, тоа е мојата мајка!“.


Реакцијата на малото девојче предизвика бројни реакции на ТикТок – видеото има повеќе од 4,8 милиони прегледи и повеќе од 700.000 лајкови. Некои од коментарите се: „Ох Боже, никогаш не сум видела нешто послатко“, „Таа е твојот најголем фан“ , „Колку е горда на тебе“...

А описот кој Брејди го оставила покрај видеото кажува најмногу: „Пронајдете некој во животот кој ќе ве гледа вака“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг