Дру Бински ја ставил Србија на врвот на листата на европски земји, што на некои луѓе не им се допаднало.
Се сеќавате на Американецот кој откри која е најдобрата земја на светот откако ги посетил сите? Дру Бински, популарен Јутјубер, сега креирал нова листа на топ дестинации во Европа - а Србија е на прво место.
Неговите следбеници од Србија му посакаа добредојде, но многумина биле остри во критиките за неговиот избор.
„Никој не оди на одмор во Белград“; „Имаат геноцид на своите рамена“; „Дали е листата направена од најлошо до најдобро?“; „Избриши си го профилот“, му порачале некои.
„Изненаден сум од сите агресивни коментари овде - ова би требало да биде забавен концепт заснован на моето лично искуство по патувањето во сите земји во Европа (во повеќето од нив сум бил повеќе од три пати). Не сфатив дека не можам да имам свое мислење“, напишал Дру и најавил дека планира цело лето да го помине во Европа, поради што е многу возбуден.
А погледнете како си поминал во Србија: