Селма Хаек го следела натпреварот на Вимблдон, а поради гордото покажување на своите седи прамени, нејзините фотографии набрзо привлекоа внимание и ѝ донесоа бројни пофалби.
Имено, штом на интернет се појавија фотографии од оскаровката (57), нејзините обожаватели ја преплавија со комплименти и пофалби поради грациозното носење на седата коса.
Селма седела во кралската ложа во придружба на нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, а на Инстаграм се пофали со фотографии од овој настан.
Како што може да се види, нејзината темна коса е „прошарана“ со неколку седи прамени, а мексиканско-американската актерка не сакала да ги сокрие. За нејзиното грациозно носење на седата коса пишува и магазинот „Vogue“, наведувајќи дека Хаек потсетува како „прифаќањето на седата коса не може да биде пошик“.
Истото го мислат и нејзините обожаватели кои напишаа: „Обожувам што ѝ се гледаат седите влакна“, „Ја сакам нејзината седа коса“, „Седата коса ја прави уште подобра“.
За Вимблдон Хаек избрала темносина комбинација на сако и панталони и сино-бела кошула со пруги. Изгледот го комплетирала со едноставна шминка и златни парчиња накит.
Актерката не е единствената што реши да ја прифати својата седа коса - нејзините колешки како Сара Џесика Паркер и Енди Мекдауел исто така избираат да ги носат нивните природни седи прамени.