Тиктокерката која стои зад профилот @thisonetimeinturkey, објавила видео на кое се жали на храната во луксузен хотел со пет ѕвездички во Анталија, Турција.
„Храната едноставно не е на ниво. Ова би требало да биде одморалиште со 5 ѕвезди, но во ресторанот на база на шведска маса ја служат истата храна секој ден. За појадок нудат супа, сирења и шунки. Тука е кајганата измешана со домати, мелено говедско месо, пиперки – зависи кога како“, се пожалила.
„Навистина не е добро, не сум пребирлива, но сум гурманка. А кога ќе потрошите речиси 3.000 евра за одмор и ќе ви го сервираат секој ден иста храна, тоа е навистина разочарувачки. Воопшто не сум среќна. Ова едноставно не е добро“, зборувала таа, па се пожалила дека дел од понудената храна не е ниту свежа.
„Тоа едноставно не е она што би го очекувале за појадок, навистина не е толку сјајно“, продолжила таа, покажувајќи две големи тенџериња со супа, која инаку е традиционален турски појадок.
„Ова за појадок, луѓе, ова? Апсолутно не“, заклучила таа, предизвикувајќи бурни реакции.
Имено, во коментарите се јавиле бројни тиктокери кои ѝ напишале дека храната изгледа одлично, но исто така ја прозвале и како не ја познава турската кујна и обичаи.
„Зборуваш глупости, изгледа одлично, има многу избор и различно е од она што го имаме дома – всушност е токму тоа што би го очекувал кога ќе одам на одмор“, „Супата е вообичаен избор за турски појадок, како и кајгана со домати“, „Мислам дека си залутала“ и „Се жалиш дека е истата храна секој ден, а имаш милион опции“, се само дел од коментарите.