По рускиот налог за апсење, Јулија Навални рече дека на Путин местото му е во Гулаг каде што го убил нејзиниот сопруг

Точка

10/07/2024

15:30

1.315

Големина на фонт

а а а

Русија вчера издаде налог за апсење на Јулија Навални, обвинувајќи ја прогонетата вдовица на опозицискиот лидер Алексеј Навални за учество во „екстремистичка организација“, а таа оттогаш се огласи на социјалните мрежи.

Судот во Москва вчера соопшти дека „го одобрил барањето на истражителот и одредил превентивна мерка притвор од два месеци“.

Навални претходно вети дека ќе ја продолжи борбата на нејзиниот сопруг, главниот противник на рускиот претседател Владимир Путин, кој почина во арктичкиот затвор во февруари оваа година.

На издавањето на потерницата со која се определува нејзино апсење доколку повторно стапне на територијата на Русија Навални реагираше со објава на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).


Во таа објава таа ги покани медиумите кои известуваат за издавање налог за неа„да го напишат главното – Владимир Путин е убиец и воен злосторник“.

- Тој припаѓа во затвор, но не во удобна ќелија со телевизор, туку во Русија, во истата затворска колонија и истата ќелија од два на три метри во која го уби мојот Алексеј, рече Навални.

Тимот на Навални ги отфрли и обвинувањата на московскиот суд против сопругата на починатиот опозициски лидер.

Организациите предводени од Навални се забранети во Русија, означени како „екстремистички“ групи и вклучени во официјалната листа на „терористи“.


Навални по професија е економист и го поддржуваше својот сопруг додека поттикнуваше масовни протести во Русија, а потоа и кога беше протеран од земјата и отруен, пред да се врати во Москва со него во 2021 година, знаејќи дека ќе заврши во затвор.

По неговата смрт, Навални вети дека ќе ги преземе активностите на нејзиниот покоен сопруг и лобираше против владеењето на Путин од странство.

За време на руските избори во март, таа повика на масовни протести против Путин со формирање долги редици пред избирачките места.




Спонзорирани линкови

Маркетинг