[ВИДЕО] Социјалните мрежи „горат“ поради снимка стара 13 години од популарната актерка: Тврдат дека се препуштила на ботоксот и дека повеќе не личи на себе – „Ќе завршиш како Никол Кидман!“

Точка

10/07/2024

09:54

3.206

Големина на фонт

а а а

Ботоксот во медицината се користи со децении за разни намени, но најпознат е како „еликсир на младоста“, бидејќи ги измазнува брчките и го прави лицето да изгледа и до неколку години помладо.

Иако, според експертите, тој е сосема безбеден, некои луѓе знаат да претераат со третманите со ботокс, па повеќе не се ниту налик себе.

Меѓутоа, постојат и оние кои со години нанесуваат ботокс, но тоа не се забележува толку, односно, не се забележува сè додека не ги споредите нивните фотографии и видеа од минатото со оние од сега.


Една од нив е актерката Ен Хатавеј, која отсекогаш важела за природна убавица, но очигледно ниту таа не одолеала на шармот на ботоксот.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео кое стана вирално, а на кое се прикажани две сцени од филмови во кои глуми Ен. Во двете сцени актерката плаче, но разликата е очигледна.

На првото видео, Ен има 28 години и додека плаче лицето целосно ѝ се менува – веднаш ѝ се создаваат брчки околу усните и очите, а воочливо е и природното движење на мускулите. Но, на второто видео – ситуацијата е сосема поинаква.


На второто видео Ен има 41 година и исто така снима сцена во која плаче, но фацијалната експресија ѝ е значително различна, поточно – ја нема, а многумина веруваат дека тоа е поради ботоксот.


„Боже, каква разлика, колку неприродно изгледа“, „Доколку продолжи, ќе почне да губи улоги исто како и Никол Кидман, „Зошто жените не препознаваат кога треба да престанат со корекциите?“, гласеле само дел од ко




Спонзорирани линкови

Маркетинг