Јапонскиот произведувач го претстави новиот „Prelude“ минатата година на саемот во Токио, а оваа пролет дознавме дека купето ќе има хибриден погон.
Изненадувачкото соопштение за новата генерација на „Honda Prelude“ е објавено во октомври 2023-та година на Токискиот саем за мобилност, каде концептот на новиот автомобил првпат беше јасно прикажан.
На почетокот се верувало дека станува збор за чисто електричен модел, но во мај оваа година е откриено дека купето е всушност хибрид.
Достапноста на продукциската верзија на пазарите надвор од Јапонија, вклучувајќи ги и САД е сè уште неизвесна, но потврдено е дека новиот „Prelude“ ќе им биде понуден на купувачите во Европа.
Освен што го споделила добрите вести за достапноста на автомобилот на Стариот континент, „Honda“ во оваа прилика претставува и црвена верзија на концептниот автомобил. Оваа варијанта нуди поатрактивен изглед во споредба со оригиналниот концепт исфарбан во бело, дополнително нагласувајќи го спортскиот карактер.
Суптилните детали од карбонски влакна на каросеријата, со дискретен заден спојлер, убаво ја дополнуваат атрактивната боја, додека црните тркала од 20 инчи се преземени од минатогодишниот концепт.
Судејќи по затемнетите прозорци, „Honda“ сè уште не сака да ни ја покаже внатрешноста на автомобилот.
Иако и овој „Prelude“ официјално е означен како концепт, малку е веројатно дека дизајнот многу ќе се промени кога пристигне продукцискиот модел, со оглед на тоа дека возилото од фотографиите нема необичен изглед кој обично е резервиран за концептните автомобили кои никогаш не доаѓаат до фабричката производна лента.
„Honda“ и натаму официјално не ги открива техничките спецификации. Сепак, познато е дека новиот „Prelude“ ќе се прави за пазарите за волан на левата, како и на десната страна.
„Honda“ вети дека ќе биде четворосед, но судејќи по линијата на кровот, реално е да се очекува 2+2 кабина.
Се шпекулира дека хибридниот погон ќе нуди комбинирана сила од 200 „коњи“ од 2.0-литарски четирицилиндарски бензинец и неколку електромотори. Во идеален случај, инженерите би ги зголемиле тие бројки со оглед на спортските амбиции на купето.
Пред производниот модел да дојде до продажните салони, концептната црвена „Honda Prelude“ ќе биде претставена оваа недела на традиционалниот „Гудвуд“ фестивал на брзината во Англија.