[ВИДЕО] Автобус на ЈСП се „качил“ на жардињера кај Мавровка, за малку не се превртел - повредени три жени

Точка

08/07/2024

15:17

4.373

Големина на фонт

а а а

Денес околу 14 часот на булеварот Гоце Делчев во близина на трговскиот центар Мавровка, автобус на ЈСП се заби во жардиниерата.

Двокатен автобус на ЈСП – Скопје од засега неутврдени причини заврши врз заштитната ограда со жардиниерите кај булеварот.

Од Итната медицинска помош изјавија дека пренеле три жени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“. Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата.

На местото на настанот забележливо е присуството на полицијата која врши увид.

Повеќе информации подоцна од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг