[ФОТО] Каде летувал Тито? На ова место го посетила една од најубавите жени на сите времиња, а многумина сонуваат барем еднаш да дојдат во оазата

Точка

08/07/2024

10:16

7.253

Големина на фонт

а а а

Бриони, прекрасен архипелаг во Јадранското Море долж западниот брег на Истра, некогаш било омиленото летувалиште на Јосип Броз Тито.

Омилено бегство на Тито било во прекрасниот комплекс составен од два поголеми и 11 помали острови, богати со природни убавини, кристално чисто море, богата флора и фауна, како и културно и историско наследство кое датира од римско време. Бриони се прогласени за национален парк во 1983 година и се достапни за јавноста.

Природна убавина и историско значење на Бриони


Бриони се познати по природните убавини и историските знаменитости. На островите се наоѓаат зачувани градби од различни периоди на историјата, од римски палати, преку средновековни цркви и капели, до вили и хотели од 20. век. Островите биле населени уште во камено доба, а во 20. век станале престижно летувалиште за европската аристократија. Австро-унгарскиот претприемач Пол Купелвизер ги купил островите на почетокот на 20. век и ги претворил во луксузно одморалиште. До 1960-тите, Бриони станале летниковец на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.

Вилата на Тито на Бриони

Тито поминувал голем дел од своето време на Бриони, понекогаш и до шест месеци годишно. Неговата најпозната резиденција била вилата „Јадранка“ на најголемиот остров, Велики Брион. Тито во оваа вила угостил многу светски лидери и познати личности од уметноста, науката и политиката. Меѓу неговите гости бил и етиопскиот цар Хајле Селасие, првиот висок гостин кој го посети маршалот во овој несекојдневен амбиент. Тито овде ја угостил и познатата актерка Софија Лорен.


Сафари парк и ботаничка градина

Бриони се дом на многу егзотични растителни и животински видови кои Тито лично ги носел од своите патувања низ светот. Сафари паркот е една од главните атракции, каде посетителите можат да видат различни животински видови, вклучувајќи го и индискиот слон-женка Ланка, која на Тита ѝ ја подарила индиската премиерка Индира Ганди. На крајот на 19. и во текот на 20. век, островите биле место каде што животните биле носени, а кои потоа ги купувале европските зоолошки градини.


Киното на Тито

Тито имал и приватно кино на отворено во Бриони, каде гледал филмови од Филмскиот фестивал во Пула. Во друштво на славниот британски актер Ричард Бартон и холивудската дива Елизабет Тејлор ја гледал епската приказна за партизаните – „Сутјеска“. Бриони било местото каде играле голф и поло, што дополнително сведочи за луксузниот начин на живот на островите.


Бриони денес

Иако Тито почина во 1980 година, неговото омилено одморалиште и денес привлекува посетители од целиот свет. Националниот парк Бриони е отворен за јавноста, каде туристите можат да уживаат во природните убавини, да се запознаат со историјата на островот и да го посетат музејот на Тито. Посебна атракција е белиот папагал Коки кој зборува. Бриони може да се обиколи и со туристички воз во придружба на водич, а за оние што сакаат полуксузно искуство, тука е кадилакот кој на Тито му го подарила југословенската дијаспора во Канада, достапен за изнајмување.


Според тоа, Бриони се повеќе од само прекрасен архипелаг – тие се збирка на историски податоци за едно време, начин на живот и настани кои и денес се прераскажуваат.