(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Макфакс

07/07/2024

15:20

2.177

Големина на фонт

а а а

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово работат на нејзино поставување.

„Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно одстранетата ограда на Владата. Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција“, напиша на Фејсбук, Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

На објавата се нижат десетици позитивни коментари од граѓаните.

„Тој што потпишал да се извади и да рѓосува по настрешници некаде,сега ова поставување треба да биде на негова сметка тој да си ги сноси трошоците“, „Ова веќе си личи, доста беше таа грозна слика само со столбови“, „Браво, само напред“, се дел од коментарите на граѓаните.

Оградата чини 700 илјади евра и беше поставена во 2015 година. Извадена беше во 2019-та, како едно од предизборните ветувања на Зоран Заев.

Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.

Таа...

Posted by Ivica Tomovski on Sunday 7 July 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг