Бајден им кажа на демократите дека му е потребен повеќе сон и дека планира да престане да закажува настани по 20 часот

Точка

05/07/2024

21:59

2.059

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден на состанокот одржан неделава во Белата куќа им кажал на демократските гувернери дека дел од неговиот план е да престане да закажува настани по 20 часот за да може да спие повеќе, рекоа три извори запознаени со неговите коментари.

Забелешките, први објавени од „Њујорк тајмс“, дојдоа кога 81-годишниот Бајден се обиде да увери група од повеќе од 20 државни лидери дека е способен да извојува победа против поранешниот претседател Доналд Трамп на изборите кои ќе се одржат во ноември и дека ефективно ќе може да владее и наредните четири години.


Коментарот остави фрустрирани неколку гувернери во просторијата, пренесува Си Ен Ен, и е една од причините зошто некои присутни беа вознемирени од изјавата за лојалност и ентузијазам што кампањата на Бајден ја дистрибуираше во четвртокот.


Белата куќа и тимот задолжен за кампањата на Бајден не дадоа коментар за она што го кажал претседателот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг