Никој не сака да губи. Веќе не е важно дали станува збор за сакана спортска екипа или за претседателски кандидат на изборите. Иако спортот не може да се мери со потенцијалната иднина на земјата и политичката идеологија, емоциите се неизбежни.
Реакцијата на новинарката на "NBC" за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Америка е прегледана над 600.000 пати за неколку часа само на социјалната мрежа "X" (поранешен Твитер).
Имено, новинарката непосредно пред да се вклучи, не знаела дека веќе е во програмата во живо, а дознала дека Доналд Трамп победил во претседателската трка над Камала Харис. Видно изнервираната новинарка ги фрлила весниците на масата и замислено погледнала во далечината, а потоа сфатила дека е на програмата и продолжила да известува.
„Целосно ја сфаќаме“, „Сите сме уморни од овие избори“, „И јас сум бесна како ѓавол“, „Така се чувствував утрово“, „Иако не сум Американец, ја разбирам“, „Чувствувам сè што чувствува таа“, гласеа дел од коментарите под видеото од извештајот на NBC.
I’m done pic.twitter.com/JtOFUMERbQ
— Pocket (@islandthembo) November 6, 2024