Белградската кафеана, Павле Корчагин постави плакат од Доналд Трамп во природна големина пред својот влез. Покрај тоа на плакатот додадоа и порака до секој кој ќе се „фотографира со Трамп“ да го означи и косовскиот премиер Албин Курти, кого го нарекоа „свој сограѓанин“.
„Здравиот човек има 1.000 желби, а болниот само една, да се фотографира со Трамп во природна големина. Дојдете фотографирајте се и означете го „нашиот сограѓанин“, порачаа тие од кафеаната под фотографијата од плакатот.
Албин Курти ја поддржуваше Камала Харис
Тие го поставија плакатот откако Курти му честиташе на Трамп за победата. „Честитки, претседателе Доналд Трамп, за изборната победа. САД е клучен сојузник, пријател и партнер на Косово и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за напредок и мир“, порача косовскиот премиер на социјалните мрежи.
Меѓутоа пред изборите Курти отворено ја поддржа Камала Харис. Во мај тој изјави дека „Косово станува нервозно и при помислата за победа на Трамп“. Курти присуствуваше и на Демократската национална конвенција во Чикаго на 19 август, каде Камала Харис ја прифати номинацијата на Демократската партија за претседателските избори.