[ВИДЕО] Како да им го вратите сјајот на белите чорапи: Сè што ви треба се тегла и неколку состојки

Точка

06/11/2024

18:39

4.550

Големина на фонт

а а а

Трикот споделен на социјалната мрежа ТикТок, објаснува како да ги вратите белите чорапи во нивната првобитна состојба и тоа со помош на тегла и неколку состојки.

Оваа снимка има повеќе од шест милиони прегледи, а го покажува советот кој тиктокерката го добила од нејзината баба. Таа во видеото ги покажува старите бели чорапи со дамки кои порано никако не можела да ги отстрани. Таа потоа, чорапите ги става во тегла, и додава таблета за миење садови во машина, една лажица морска сол и лажица сода бикарбона. Потоа од алуминиумска фолија прави топки кои исто така ги става во тегла, а на крајот додава топла вода и сите состојки ги меша со лажица. Теглата ја затвора, ја протресува и остава состојките да делуваат 10 минути.


На видеото може да се види дека откако, тиктокерката ги извади чорапите од теглата, тие беа целосно бели, без жолтите и сивите траги кои претходно можеа да се видат.

Инаку сода бикарбоната, која е една од состојките во оваа смеса, често се препорачува за отстранување на дамки од облеката.


Овој трик за избелување на чорапите, подразбира подготовка на средство за чистење за кое се потребни топла вода, сода бикарбона, малку оцет, детергент за машинско миење садови и малку сол. Во поголем сад ставете 500 мл топла вода, лажица сода бикарбона и лажица детергент.

Потоа во оваа смеса додадете уште една клучна состојка-лажица алкохолен оцет. На крајот додадете половина лажица сол, и ставете ги старите чорапи во смесата и матете со лажица, а по само неколку минути дамките ќе исчезнат, а чорапите ќе ја добијат првобитната боја.