[ФОТО] Неверојатно! Погледнете каква соблекувална зад себе оставија Романците на ЕУРО

Точка

03/07/2024

18:02

8.812

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Романија Европското првенство во Германија го завршија во осмина финалето со пораз од Холандија (3-0), но ги воодушевија сите љубители на фудбалот.

По натпреварот на Алијанц арена ја исчистиле соблекувалната и ја оставиле буквално во состојбата во која ја пронашле. Романците по угледот на Јапонците го средиле домот на фудбалерите на Баерн, па фотографиите од соблекувалната „која е под конец“ станале вирални на социјалните мрежи.

Романците дури и на домаќините им оставиле порака на романски и германски јазик.

„ЕУРО 2024 за секого од нас беше едно од најважните фудбалски искуства досега. Мило ни е што беше токму во Германија. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство направи да ја почувствуваме магијата на фудбалот. Заминуваме од Германија со мисла дека дадовме се за Романија и благодарни сме за сè што доживеавме додека бевме тука. Беше чест да се биде дел од големото семејство на европскиот фудбал. Ви благодарам што направивте да се чувствуваме како дома“, пишува во пораката која ја оставиле Романците во соблекувалната.

Потсетуваме, фудбалерите на Холандија ја победија Романија со убедливи 3-0 во осминафиналето од Европското првенство.

„Ова е нова ера за романскиот фудбал. Имаме стабилна екипа, како на човечко така и на спортско ниво. А целата земја е зад нас и не поддржува“, изјавил селекторот на Романија, Едвард Јорданеску.




Спонзорирани линкови

Маркетинг