Пикси со „отровна стрела“ кон Тадиќ: Погледнете ги реакциите на англискиот и шпанскиот капитен…

Дерби

16/07/2024

11:48

1.322

Големина на фонт

а а а

Драган Стојковиќ Пикси ја доби довербата од ФСС и остана српски селектор и по разочарувачкиот настап кој го имаа „орлите“ на Европското првенство, но сега кога турнирот во Германија заврши, кај нашиот северен сосед одекнуваат неговите изјави по финалето.

Пикси беше дел од големиот спектакл во Берлин и имаше можност лично да им честите на Шпанците, но говорејќи посебно за тоа што го видел во финалето, испорача и една „отровна стрела“ кон Душан Тадиќ.

Српскиот капитен лошо ја прифати одлуката на селекторот да биде резерва на првиот меч против Англија, па сега Пикси ги дочека своите „пет минути“ за одговор и индиректно го прозва капитенот.

– Мене уште еден детаљ ми остави силен впечаток од финалето, а тоа е излегувањето од игра на Хари Кејн и Алваро Мората.

– Погледнете ги капитените на Англија и Шпанија, двајца лидери на своите репрезентации. Ниту еден лош гест при напуштање на теренот, ниту најмала реакција која би го нарушил духот во тимот. Одат на клупа и даваат поддршка од таму. Тоа се работи на кои сите ние мора да учиме. Нема суета и неема преголемо его, сите се во служба на колективот и заедничка цел им е само победата, – изјави Пикси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг