Алкарас се отвори за „Марка“ и откри каква порака добил од Ѓоковиќ на мрежа по крајот на финалето

Дерби

16/07/2024

14:55

6.083

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас во недела имаше извонреден тениски рецитал на Централниот терен на Вимблдон и победи еден од најголемите шампиони во Ол Ингланд клубот, триумф со кој стигна до втор триумф во Лондон.

Шпанецот ја одбрани титулата на Вимблдон надигрувајќи го Новак Ѓоковиќ со 6:2, 6:2 и 7:6, па неговиот голем успех е доста актуелен во Шпанија и два дена по крајот на мечот.

Иако даде низа изјави по крајот на финалето и четвртата освоена грен слем титула, Алкарас дури за „Марка“ открива каква порака добил од Ноле на мрежа по крајот на мечот.

– Веќе реков дека Ѓоковиќ е „Супермен“, тој е супер-човек. Кога првпат го видов на Вимблдон оваа година и кога се уште беше неизвесно дали ќе игра поради коленото, му реков дека е Титан и дека е супер-човек. Од тој момент, секогаш кога се гледавме во Ол Ингланд клубот се нарекувавме Титан.

– Кога ми пријде на мрежа по крајот на мечот, ми порача „Титану, честитки, го заслужуваш ова“. Тоа е она што го запомнив, за останатото не сум сигурен, – открива Алкарас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг