Природен, заносен и потемнет тен? Со Sundance ќе го обожувате секој сончев зрак!

Точка

03/07/2024

11:33

460

Големина на фонт

а а а

Уживајте заштитени под сонцето со речиси 200 производи од dm марката Sundance со докажан германски квалитет по секогаш поволни цени.

Се подготвувате за плажа, море, уживање покрај езеро? Не сте сигурни кои производи треба да ги понесете со вас? Во продолжение dm drogerie markt споделува препораки за препаратите за сончање од нивните дрогерии кои треба да ги пробате ова лето!


Зошто заштитен фактор?

Сончевиот фактор всушност ни покажува колку долго, вон рамките на времето на сопствената заштита на кожа, може да се задржиме на сонце, без да се здобиеме со изгореници. Со оваа формула многу лесно може да го пресметате заштитниот фактор кој ќе ви одговара:

Посакувано задржување на сонце : Време на сопствена заштита = Заштитен фактор

Се прашувате која е сопствената заштита која ја пружа вашата кожа? Откријте тука!

Изборот на соодветен SPF препарат зависи од неколку фактори: типот на кожата, возраст, за кој дел од телото е наменет, каков е UV индексот и на која географска положба се наоѓаме. Кога се наоѓаме на море, освен директното UV зрачење тука е присутна рефлексијата на UV зраците од водената површина и од песокот. Или пак кога се наоѓаме на планина каде има големи снежни површини има директно UV зрачење и рефлексија од снегот. Тоа значи дека сурферите и скијачите треба секогаш да користат SPF 50. SPF избор за лице секогаш треба да е 50, а истото важи за чувствителна и осетлива кожа за тело.

Препорака на идеални производи за заштита од сонце

Доколку сте во потрага по идеалните производи за сончање во вашите омилени dm дрогерии, ви препорачуваме да изберете некои од следните Sundance производи:

Sundance млеко за сончање со З.Ф. 50, 500 мл. Големо пакување за целото семејство. Водоотпорно млеко со екстракт од зелен чај и витамин Е кое ја хидрира кожата.


Sundance MED ULTRA SENSITIV крем-гел за сончање со З.Ф. 50+, 150 мл. Погоден за многу чувствителна кожа, не содржи емулгатори, парфеми и масти и го намалува ризикот од иритации предизвикани од сонцето.

Sundance флуид за лице со З.Ф. 50, 50 мл. Со хијалуронска киселина и витамински комплекс, посебно наменет на кожата на лицето и деколтето. Дава 48-часовна хидратација и моментална заштита од сонце.

Sundance Kids MED ULTRA SENSITIV крем за заштита од сонце со З.Ф. 50+, 100 мл. Наменет за чувствителната детска кожа, водоотпорен, без емулгатори, маснотии и парфеми.

Заводлив тен додека трепнете

Откако ќе ѝ ја обезбедите на кожата неопходната заштита, на ред доаѓа омилениот дел – препарати со кои ќе добиете уште поубава боја!

Sundance масло за сончање со З.Ф. 20 и Sundance млеко за сончање со З.Ф. 30 - без разлика дали сте љубители на масло или поинаква текстура, овие два производа освен што ќе ви пружат хидратација и заштита, го поттикнуваат природното потемнување на кожата и ѝ даваат нежен сјај.

Негата е важна и откако ќе зајде сонцето

После целодневното изложување на сонце, од особено значење е хидратацијата која треба да ѝ ја пружите на кожата. Пред сѐ, потребно ви е освежително капење за да го отстраните масниот слој од производите кои сте ги нанесувале во текот на денот, а потоа на ред доаѓаат млеката и лосионите за нега по сончање за да ѝ го вратите сјајот на кожата.


Идеален ,,after sun’’ производ е Sundance гелот со 90% алое вера и рН-неутрална формула. Ја смирува кожата благодарение на високиот процент на алое вера, ја разладува, брзо се впива и не остава масни траги!

Овие и уште речиси 200 други Sundance производи за заштита од сонце со СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени, ќе ги пронајдете во dm дрогериите. По ова, сончевата авантура може да започне!




Спонзорирани линкови

Маркетинг