[ФОТО] Нуркачите снимиле многу редок морски вид во водите кај Чиово: „Нема многу забележани наоди“

Точка

02/07/2024

21:53

4.494

Големина на фонт

а а а

Ловот на овие животни е строго забранет и се наоѓаат по трајна заштита, но неодговорни поединци на хрватскиот брег и натаму ги шверцуваат во ресторани во Италија, Грција, Турција и далечни делови на Азија.

Нуркачите од сплитското Здружение за подводни активности Рострум забележале ретка и фасцинантна глетка во водите кај Чиово. Имено, станува збор за необичен вид на морска краставица. „Бидејќи сме постојано во море и на различни локации, секогаш налетуваме на нешто интересно“, објавиле на Фејсбук страницата на Здружението, ни самите не знаејќи за кое животно станува збор.


Перо Угарковиќ од Институтот за океанографија и рибарство подоцна објаснил дека станува збор за „албино краставица“ која е многу ретка. „Во научната литература нема многу забележани наоди за албино морски краставици во светот. Еден од ретките наоди е токму од северен Јадран од 2006-та година кога е забележан видот „ocnus planci“ кој не е на оваа слика. Нуркачите од УПА Рострум ја оставиле морската краставица во морето, како што треба, бидејќи е важно да ја врши својата важна природна улога на дното на морето во Чиово“, објаснил Угарковиќ.


Морските краставици играат клучна улога во одржувањето на еколошката рамнотежа на морското дно.


Иако нивното ловење е строго забрането и се наоѓаат под трајна заштита, неодговорни поединци на хрватското крајбрежје и натаму ги ловат и ги шверцуваат во ресторани во Италија, Грција, Турција и далечните делови на Азија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг