Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство

Макфакс

04/07/2024

16:19

470

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин.

Мисајловски искажа благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата НАТО декларирана единица.

Амбасадорот Лосон порача дека од особена важност е стабилноста на регионот и дека Обединетото Кралство останува посветено на одбранбената соработката со нашата земја и развојот на армиските капацитети.

Од страна на министерот и амбасадорот беше заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да соработуваат во рамки на Алијансата со взаемни заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг