[ВИДЕО] Холивудската ѕвезда проговори за мистериозната болест: „Исчезнав 20 дена, не се сеќавам на ништо“

Точка

02/07/2024

15:14

2.374

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Џејми Фокс искрено проговорил за својата мистериозна здравствена состојба поради која најверојатно беше три недели во кома.

Добитникот на Оскар ја споделил приказната за својата болест со група луѓе на улиците на Аризона во видео споделено на социјалните мрежи во понеделникот.

Фокс беше хоспитализиран во периодот додека го снимаше филмот „Back in Action“ со Камерон Дијаз во Атланта. Актерот подоцна откри дека не можел да оди и дека „видел тунел, но не и светлина“ додека се борел да преживее.

Тој бил снимен како им се отвора на обожавателите за неговата мистериозна болест. Открил дека сè започнало со „силна главоболка“ поради која „побарал Адвил“, по што се разбудил по речиси три недели без да се сеќава што се случило, пишува „Daily Mail“.


„Исчезнав 20 дена, не се сеќавав на ништо“, рекол актерот.

Истакнал дека сестра му и ќерката го однеле на лекар, кој рекол: „Нешто се случува таму“, покажувајќи кон неговата глава.

Џејми Фокс порача дека не би му го посакал тоа што го преживеал ни на својот најголем непријател и поради тоа исклучително го почитува животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг