Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од Преспанскиот

Макфакс

02/07/2024

13:42

2.947

Големина на фонт

а а а

Премиерот Киријакос Мицотакис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Антонис Самарас.

Тој го повика Мицотакис да стави вето за Албанија, а преку експертска група да подготви повлекување од, како што вели, национално опасниот Договор од Преспа.


„Мицотакис да стави, како Бугарија, вето на секој чекор на Скопје, чија неодговорност мора да ја осудуваме тука и сега. Целосно да се ревидира ‘пријателството’ со Турција, со што во пракса ќе стане јасно дека не може да не уценуваат, да ни се закануваат, да не исплашат. Има граници“, рече Самарас, пренесуваат грчките медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг