Земјотрес со јачина од 3,6 степени во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

Макфакс

02/07/2024

13:21

840

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди денеска БиХ.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 17 километри северно од Зеница и 11 километри југозападно од Жепче, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 12:29 часот. Потреси се почувствувани околу Зеница, Тешњ, Теслиќ, Какањ, Нови Травник, Вогошќе, Тузла, Градачац, дури и во соседна Хрватска, во Славонски Брод.



Спонзорирани линкови

Маркетинг