[ВИДЕО] Македонското знаме повторно се вее на Кораб: Брза реакција на македонски планинари

Точка

02/07/2024

11:13

4.597

Големина на фонт

а а а

Вратено е македонското знаме на врвот голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.

Македонското знаме во текот на вчерашниот ден повторно беше вратено на врвот Голем Кораб откако албанскиот државјанин Изет Шулку и неговото друштво пред три дена го симнаа и го закачија албанското. Ова предизвика бурни реакции од јавноста. 

Враќањето на македонското знаме на врвот е поздравено од многумина, кои ја истакнуваат потребата за почитување на заедничкото наследство, мирниот соживот, но и важноста на македонското знаме како симбол на националниот суверенитет и гордост.

Министерството за внатрешни работи вчера го провери идентитетот на сторителот кој го отстрани македонското знаме од јарболот на Кораб и најави дополнителни мерки за расчистување на случајот.

- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ, соопшти МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг