Поранешната девојка го тужи познатиот диџеј за снимање и споделување на експлицитна содржина

Точка

02/07/2024

10:00

2.319

Големина на фонт

а а а

Американскиот диџеј и музички продуцент Дипло е обвинет за неовластено снимање и споделување на сексуални видеа.

Имено, Џејн До тврди дека седум години била во врска со 45-годишниот диџеј, а по нивното раскинување тој започнал ги шири нејзините видеа во знак на одмазда. Поради ова, таа неодамна поднесе тужба во Калифорнија, каде што бара отштета од 150.000 долари.


Според судските документи, диџејот, чие вистинско име е Томас Весли Пенц, ги фотографирал и дистрибуирал нејзините сексуални фотографии и видеа без нејзина согласност.

Џејн До, која живее во Њујорк, тврди дека била вмешана во физичка врска со Дипло во јуни 2016 година, откако тие првично почнале да си испраќаат експлицитни пораки на „Snapchat“ во април истата година. Таа изјавила дека ја прекинале врската во 2023 година.


Според судскиот извештај, До му дозволила на Дипло да ги снима повремено за време на нивната врска, но дека јасно кажала дека не сака Дипло да ги снима како влегуваат во интимни односи без нејзина изречна согласност, ниту пак сака тој да ги дистрибуира фотографиите и видеата на други и таа никогаш не му дала согласност да го стори тоа.

Сепак, До тврди дека во ноември 2023 година добила информација од лице кое имало видео од врската меѓу неа и Дипло. Станува збор за видео кое е испратено уште во 2018 година, каде се прикажани нејзините интимни делови од телото, задникот и лицето.

Недолго по нивниот разговор, лице чиј идентитет не е познат поднело пријава во полиција. До тврди дека полицијата на Њу Јорк има издадено налог за апсење на Дипло поради дистрибуција на интимни фотографии и видеа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг