[ВИДЕО] Пеела на празна полјана: Пејачката која ги собори сите рекорди доживеала вистински дебакл на Гластонбери, ова било причината

Точка

01/07/2024

20:31

3.182

Големина на фонт

а а а

Пејачката СЗА, која во изминатата година ги собори сите рекорди со албумот „SOS“, на третата вечер од фестивалот Гластонбери доживеала вистински дебакл.

Иако во претходниот период важеше за вистинска ѕвезда и ѝ предвидуваа голем успех, нејзините обожаватели сепак избрале да го гледаат натпреварот помеѓу Англија и Словачка на Европското првенство во фудбал.

Откако публиката се „разбегала“, СЗА пеела пред нешто повеќе од 2000 луѓе, што за овој фестивал е поразителна бројка и вистински дебакл.

Дебакл поради фудбалскиот натпревар

Поради натпреварот кој сите внимателно го следеле, посетителите избрале да го пропуштат нејзиниот настап и во околината поставиле телевизори и страсно навивале, а СЗА се обидувала да ја подигне атмосферата, но безуспешно.

Таа беше ѕвезда

Нејзината популарност во Америка е огромна. Албумот „SOS“ кој го издаде во 2023 година, ги собори сите рекорди и е еден од најуспешните проекти во последната деценија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг