Исламистите тренираат во клубови за боречки вештини во Босна и Херцеговина! Експерти со осврт кон безбедносната состојба и вахабистите во Србија

Точка

01/07/2024

18:30

2.247

Големина на фонт

а а а

Српската јавност е згрозена од неодамнешниот терористичкиот акт, кога припадникот на вахабистичкото движење, Милош Салахудин Жујовиќ, го застрела во вратот жандарот Милош Јевремовиќ, кој ја чуваше Амбасадата на Израел, по што беше убиен.

Овој напад министерот за полиција Ивица Дачиќ го окарактеризира како тероризам и во саботата прогласи црвено ниво на безбедносна закана од тероризам, а одлуката за негово откажување треба да биде донесена денеска, по анализа на безбедносната состојба.

Милован Дрецун, претседател на собраниската Комисија за одбрана и внатрешни работи, смета дека терористичкиот напад во Белград не бил дело и план само на еден човек.


- Не би рекол дека убиениот терорист е волк-самец, бидејќи неговите врски со други преобратеници се веќе откриени. Тој е активен член на вахабизмот, и како што успеав да дознаам, не бил прифатен од мнозинството вахабисти во Нови Пазар и неговата околина, но воспоставил добри врски со косовските вахабии и оние од Северна Македонија и Босна и Херцеговина - рече Дрецун на ТВ Пинк и додаде:

- Тој во неколку наврати одел во селото Чабра во Косово, а се сеќавате дека целата приказна започна таму на 17 март, кога се удавија албански деца. Тоа село Чабра беше познато по собирот на вахабистите, каде што имаат некакви кампови и каде можеби планирале некакви активности.

Религиски заснован екстремизам е присутен кај нас на Балканот уште од 90-тите, рече проф. д-р Марија Ѓориќ, политиколог.


- Вахабистите претставуваат радикална гранка на исламот и не се нужно екстремисти, но многу е индикативно дека сите оние кои се бореле во Сирија за една од терористичките групи биле регрутирани од вахабистичките заедници. Вахабистичката мрежа постои во балканскиот регион, а многу важен центар, од кој се координираат активностите, се наоѓа во Виена. Некои малцински групи, како Ромите и Ашкалите, се особено чувствителни на нивната радикализација - рече Ѓориќ.

Таа додаде дека активностите на одредени спортски организации се злоупотребуваат за регрутирање и индоктринирање членови.

- Влијанието на радикалниот ислам е присутно особено во Босна и Херцеговина, каде често се злоупотребуваат клубовите за боречки вештини и ер софт клубовите, каде покрај спортските тренинзи се врши и религиозна индоктринација. Таму се особено ранливи младите и тинејџерите - заклучи Ѓориќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг