Скандал ја тресе Велика Британија: Десет илјади луѓе го исвиркаа кралот Чарлс за време на фестивалот Гластонбери

Точка

01/07/2024

18:10

2.088

Големина на фонт

а а а

За време на познатиот фестивал Гластонбери во Велика Британија, панк рок бендот Ајдлс предизвика голем скандал кога од сцената упати пцовка кон кралот Чарлс, којашто десетици илјади луѓе ја повторија.

Скандалозните пцовки упатени кон кралот Чарлс се слушнаа за време на популарниот фестивал Гластонбери минатиот викенд.

Музичарите, кои се познати по своите антимонархистички ставови, ја воодушевија британската јавност, која деновиве се занимава само со избори. Нивните навреди упатени кон монархот ги пренесе Би-Би-Си, што предизвика бес кај поддржувачите на кралското семејство.


- Не сум љубител на монархијата, но ова е навистина скандал, напишаа корисниците на социјалните мрежи.

Портпаролот на британската државна телевизија изјави дека преку 90 часа музичка програма биле емитувани во живо во текот на викендот.

- Како и претходните години, настапите на изведувачите се емитуваа без одлагање, така што во ниту еден момент немаше цензура.

Вилијам попопуларен од кралот Чарлс

Според истражувањето од 2023 година, принцот Вилијам е многу попопуларен од неговиот татко Чарлс.

Популарноста на Чарлс падна на нивото пред пандемијата на корона вирусот во 2019 година, односно падна од 61 на 49 отсто, објави Тајмс.


Од друга страна, 62 отсто од испитаниците сметаат дека се задоволни со принцот Вилијам како принц од Велс, титулата што ја наследил од неговиот татко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг