Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, со што се согласуваат и нутриционистите.
Сепак, луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето бидејќи содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при слабеење.
Имено, некои овошја се богати со хранливи материи кои поттикнуваат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми, пишува „The Healthy“. Откриваме четири видови на овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено го спречуваат дебелеењето.
Научниците открија дека боровинките се одличен извор на вредни антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно откриено како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Боровинките се богати со влакна и затоа многу заситуваат и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната.
Познатата поговорка вели: „Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен“. Одлично е ако едно јаболко на ден може да ги држи лекарите подалеку од вас, но дополнителен бонус е тоа што тоа може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се полни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи кожата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Помагаат и за контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес.
Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост.
Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со вредни антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги јадете за појадок или како ужина, заедно со јогурт со малку маснотии или овесна каша.