Спектаклот посветен на уметноста одржан во Лос Анџелес, синоќа собрал огромен број познати личности кои приредиле моден настан за уживање. Меѓу најдобро облечените гости била и манекенката и ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер.
Во познатиот Музеј на уметности „LACMA“, организирана е 13. „Art+Film Gala“ свеченост.
Настанот бил посветен на американската уметница Симон Ли и режисерот Баз Лурман. Ко-претседавачи биле Ева Чоу, пред Музејот и актерот Леонардо ди Каприо, кој не прошетал на црвениот тепих, но затоа неговата девојка Виторија Серети подготвила интересно модно издание.
Каја Гербер се појавила во фустан на прерамки со реси, многу елегантна боја и со романтична фризура. Тоа воедно била победа на елеганцијата и софистицираноста над провокативната мода, која долго време веќе е водечки светски тренд, а тој тренд синоќа на повеќе или помалку успешен начин го следеле и дел од гостите.
Провокацијата во модата не е по дифолт модна грешка, но секако е тежок предизвик, кој само оние со најмногу стил можат успешно да го одговорат.
Ќерката на Синди Крафорд синоќа не брилијираше за првпат, повеќе пати била беспрекорно стилизирана на модни настани, ниту нејзе не ѝ е непозната попровокативната облека – но сепак, повторно успева да го следи тој моден стил, притоа не правејќи ниту една грешка.